Рускиот пивотмен Сергеј Горпишин (27) ќе ја продолжи кариерата во Германија, но во нов клуб. Тој потпиша договор до летото 2027 година со Емсдетен, тим кој се натпреварува во Третата лига на германскиот ракомет.
Претходно, Горпишин играше за Потсдам, но по испаѓањето на клубот во Втората Бундес Лига, донесе одлука да побара нов предизвик. И покрај тоа што преминува во понизок ранг, неговата амбиција останува голема.
„Пресреќен сум што станав дел од Емсдетен. Сакав нов предизвик и го најдов во клуб со богата традиција. Верувам дека заедно можеме да избориме промоција во Втората Бундес Лига следната сезона, изјави Горпишин.
Во сезоната 2019/2020 тој играше во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите во Вардар, а потоа замина. Беше дел од ЦСКА Москва, па замина за Германија во екипата на Лудвигсхафен, потоа Потсдам.