Некогашната ракометарка на Вардар, Марија Петровиќ, замина од Таргу Жиу и ќе има нов предизвик во кариерата.
Српската репрезентативка потпиша договор со Рапид Букурешт и ќе заигра во еден од најдобрите романски тимови.
Таму ќе стане колешка со десното крило Сара Ристовска, со која играа заедно во македонскиот Вардар во 2018 година.
Петровиќ по заминувањето од Вардар настапува само во Романија и досега беше дел од три клуба – Валчеа, Глорија Бузау и Таргу Жиу.