Македонија на тежок испит – следува двобој со Шведска на ЕП

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот меч од разигрувањето за пласман на Европското првенство од 13 до 24 место.

Ривал на избраничките на Даниела Новеска е селекцијата на Шведска, која не игра според посакуваното и загуби на три од четири средби досега, меѓу кои и Португалија.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра денеска во „Верде“ со почеток од 12:00 часот, а судии ќе бидат Литванците Иванаускас и Јенчевичиус.

Победа или реми ја носи Македонија во разигрување за пласман од 9 до 16 место, додека пораз многу веројатно ќе значи разигрување за пласман од 17 до 24 место.

На табелата Македонија е на делба на првата позиција со Португалија со по 3 бода, Шведска е трета со 2 бода, додека Турција нема бодови на последното место.