Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот голман Мартин Томовски, запиша три победи на трите пријателски средби одиграни досега.
На првиот натпревар, Битигхајм го совлада нисколигашот Вајнсберг со 44-26, а потоа тимот на Балиген со 30-26.
На третата пријателска средба, Битигхајм го победи и поранешниот клуб на Томовски, Лудвигсхафен.
Битигхајм славеше со 32-25, а тренерот Икер Ромеро имаше пофални зборови за партиите на голманите на овие натпревари.