Порази за крај на ЕМОФ 2025: Норвешка – Македонија 2:0

Двете кадетски репрезентации на Македонија, машката и женската, со порази ги завршија настапите на Европскиот олимписки фестивал во Скопје.

Кадетите загубија од Норвешка со 37-32 во натпреварот за седмото место, иако до финишот беа во борба за позитивен резултат.

На паузата скандинавскиот противник водеше со минимална разлика, 16-15, Македонија се врати во егал, но во финишот попушти и мораше да му честита на противникот.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Јован Петрески со седум и Трајче Костов со шест погодоци.

Женската селекција исто така беше поразена од Норвешка со 31-22 во битката за осмото место. На паузата противникот водеше со 14-6.

Најдобри стрелци во составот на Даниела Новеска беа Марија Димоска со седум и Ивана Трифуноска со шест гола.