Денеска во СРЦ „Кале“ и СЦ „Јане Сандански“ беа одиграни осум натпревари и комплетирано првото коло на Европскиот младински олимписки фестивал.
На машкиот дел од турнирот, големо изненадување е убедливата победа на Исланд над Шпанија, додека триумфи запишаа Германија и Португалија.
Кај дамите имаше два поинтересни и неизвесни натпревари кои беа решавани во финишот. Холанѓанките минимално триумфираа над фаворизираната Унгарија, додека Германија и Франција ремизираа.
Швајцарија сензационално со 11 голови разлика ја торпедира Норвешка и покажа дека ќе биде кандидат за висок пласман.
ЕМОФ 2025, мажи, резултати:
група А
Исланд – Шпанија 19-31
Македонија – Хрватска 19-27
група Б
Португалија – Норвешка 32-25
Германија – Унгарија 36-28
ЕМОФ 2025, жени, резултати:
група А
Унгарија – Холандија 23-24
Германија – Франција 26-26
група Б
Македонија – Исланд 22-29
Швајцарија – Норвешка 33-22