Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го затвори настапот на Европското првенство во Црна Гора, кое сигурно за кратко време ќе се заборави.
Со дуелот во Литванија за избегнување на последното место на континенталниот собир, избраничките на Симе Симовски ќе се одјават од Подгорица.
Претходниот натпревар меѓу овие две екипи заврши нерешено, но сега мора да има победник, бидејќи се работи за натпревар за пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се игра во „Верде“ во Подгорица со почеток во 09:30 часот.
Европско првенство, распоред на натпревари:
финале:
19:30 Шпанија – Германија
за трето место:
17:00 Австрија – Данска
натпревари за пласман:
09:30 Фарски Острови – Словенија
09:30 Финска – Португалија
09:30 Литванија – Македонија
12:00 Исланд – Турција
12:00 Норвешка – Шведска
12:00 Холандија – Швајцарија
14:30 Хрватска – Унгарија
14:30 Франција – Црна Гора
14:30 Србија – Полска
17:00 Романија – Чешка
ЕХФ шампионат, распоред на натпревари:
финале:
17:30 Словачка – Украина
за трето место:
15:15 Италија – Белгија
натпревари за пласман:
08:30 Бугарија – Грузија
10:45 Израел – Велика Британија
13:00 Косово – Луксембург