Новеска го скрати списокот – еве кои 15 ракометарки ќе играат на ЕМОФ

Селекторката на женската кадетска репрезентација, Даниела Новеска, го објави списокот на ракометарки што ќе играат на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

Новеска ќе смета на 15 ракометарки, колку што дозволуваат пропозициите на ова натпреварување. Тука се пет вардарки, четири членки на Ѓорче Петров 2, по една од Металург, Чаир, Металург Автокоманда, Пелистер, Стружанка и Деспина.

Во стручниот штаб на Новеска се уште и асистентот Славиша Димитријески, како и Вероника Ѓорѓиевска.

Македонија е во група со Исланд, Швајцарија и Норвешка, а сите свои натпревари од 21 до 26 јули ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 16:00 часот.