Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го скрати списокот на ракометари кои ќе играат на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.
Кузманоски избра 15 ракометари, колку што дозволуваат пропозициите на ова натпреварување.
Меѓу нив се и двајцата ракометари што настапуваат во странство – средниот бек Милош Стојановиќ од словенечкиот Тримо Требње и десниот бек Андреја Угреновиќ од австрискиот Грац.
Сите останати ракометари настапуваат во домашното првенство, а најголем број има од Пролет – Дамчевски, Симовски, Јовиќ и Костов, како и од „витамините од Автокоманда – Лешниковски, Николовски, Петрески и Поповски.
Во стручниот штаб на Кузманоски се асистентот Митко Стоилов, како и Мартина Тосева. Македонија е во група со Хрватска, Шпанија и Исланд, а сите натпревари ќе игра од 21 до 26 јули во СРЦ „Кале“ со почеток во 18:15 часот.