- Шведскиот десен бек Лукас Сандел го раскина договорот со унгарскиот гигант Веспрем, иако требаше да остане уште една сезона. Најавената соработка со Иван Мартиновиќ е причината што Сандел си оди од Веспрем.
- Некогашниот полски репрезентативец Пјотр Вишомирски си замина од Горњик Забже и во иднина ќе брани во Калиш. Тој ја почна кариерата во Азоти Пулави, бранеше во Чурго, ПИК Сегед и Татабања во Унгарија, како и за бундеслигашот Лемго.
- Данскиот тренер Расмус Поулсен, кој беше промовиран во тренер на Валчеа, па веднаш сменет, замина од Романија и се пресели на Фарски Острови. Тој ќе го води шампионот Киндил, кој доаѓа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.
- Десниот бек Јовица Николиќ, кој досега играше за српскиот вицепрвак Војводина, заминува во Кувајт и ќе ги брани боите на тимот на Бурган, каде веќе играат Стипе Мандалиниќ и Косуке Јасухира.




