Познат е датумот за првиот официјален натпревар оваа сезона во кој ќе се судрат двете најдобри македонски екипи.
Вардар и Еурофарм Пелистер на 3 септември ќе се борат за трофејот во Супер Купот, дуел меѓу шампионот и освојувачот на Купот на Македонија.
Дополнително ќе биде позната локацијата на одигрувањето на овој натпревар меѓу „црвено-црните“ и пелистерци.
Досега се одржани седум изданија на ова натпревари – четири трофеи има Вардар, два има Еурофарм Пелистер, а еден „сино-белите“ од Автокоманда.