Две крила верни на Пролет

Тимот на Пролет полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во суперлигашката конкуренција.

Покрај Кристијан Давитковски, кој се наоѓа пред камбек во Пролет, двајца крилни ракометари кои минатата сезона играа во тимот би требало да останат.

Станува збор за левото крило Есад Дрпљанин и десното крило Никола Стоилевски, кои ја делеа минутажата со Давор Палевски и Мице Шилегов.

Од Пролет замина кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, па приоритет на клубот ќе биде ангажман и на нов пивот.