Младост Богданци ќе им даде шанса на 14 кадети да се борат за првиот тим!

Тимот на Младост Богданци покрај формирањето на сениорската екипа која влегува со амбиции за Супер лига претстојната сезона, работи и на своите младински категории.

Богданчани ќе им дадат шанса на 14 кадети да се изборат за место меѓу сениорите и тие ќе ги почнат подготовките со првата екипа.

Станува збор за ракометари родени меѓу 2008 и 2012 година – Стојан Иванџикoв 2011 година, Мартин Шабанов 2010 година, Антонио Каракабаков 2012 година, Живко Ќаев 2010 година, Тасев Никола 2009 година, Стојановски Мартин 2008 година, Ристе Јанкулов 2009 година, Лука Лукиќ 2012 година, Влатко Иванов 2010 год, Даниел Милановски 2010 година, Андреј Ѓоргиевски 2008 година, Петар Ризовски 2013 година, Марков Александар 2012 година и Тео Тасев 2009 година.

Богданчани имаат големи амбиции за наредната сезона и го донесоа Горан Андоновски за тренер, а меѓу засилувањата се Гоце Аргиров, Даниел Андоновски, како и интернационалците Лазар Адамовиќ и Никита Соколов.