Во новата ракометна сезона во машката Прва лига ќе има нов тим, настанат со фузија на два досегашни субјекти, и двата од Скопје. Во ракометот се враќа и познати име во спортските кругови, кој своевремено беше и директор на мапката ракометна репрезентација и работеше со тим кој играше во Лига на шампионите.
Од септември во Скопје, во салата во ОУ „Круме Кепески“ своите мечеви ќе ги игра тимот на Драчево Јуниор. Екипата ќе биде формирана со фузија на сегашниот прволигашки тим Драчево, и на поранешниот суперлигаш Јуниор Кисела Вода. Тие ќе бидат една од 14-те екипи што се пријавија за новата сезона.
„Помладиот“ тим од Кисела Вода сега го нема во системот на натпреварување, бидејќиоткако испадна се држеше уште една сезона,а потоа се откажа, но логистички, финансиски, и кадровски ќе му помогне на Драчево во целта да создате тим кој ќе се бори за влез во Супер лигата.
Драчево пред 2 сезони играше бараж а влез во Супер лигата, но тогаш победи Вардар Неготино. Сега скопскиот тим е во горниот дел на табелата бна Прва лига, но му треба „чекор“ за да отиде скалило погоре.
Велимир Настевски останува тренер на тимот, а нов спортски директор ќе биде Илија Чокрев кој беше одговорен за Јуниор Кисела Вода. Во тимот своја функција имаше и Ристо Чокрев, кој е познат како еден од луѓето на кои во срцето им е Металург и дел од најголемите клупски успеси. Тој беше и директор на машката репрезентација на Македонија. Во иднина тимот и кадровски ќе се екипира, а веќе се работи и на ангажирање на играчи.
Драчево се надева дека во нивната населба конечно ќе профункционира и спортската сала која со години е затворена, и така ќе имаат свој дом, и можност за создавање на играчи и повеќе старосни категории.