Синот на поранешниот македонски репрезентативец Сергеј Турченко, Игор, следното лето ќе го напушти Лимож и ќе се пресели во Нант.
Францускиот вицепрвак ја официјализираше соработката со левиот бек, кој потпиша договор на три сезони и ќе остане најмалку до 2029 година.
Украинецот Турченко, кој ја започна кариерата во Мотор Запорожје и имаше одлични партии во дресот на овој клуб, пред две сезони замина во Лимож.
Со Мотор играше во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а во второто натпреварување постигна 97 погодоци во сезоната 2022/23. За Лимож во две сезони на 60 натпревари постигна 297 погодоци.
Неговиот татко Сергеј играше долго време за Младост Богданци и остави таму длабока трага, а беше член и на Борец Тедико и Климент Охридски. Настапи за Македонија на неколку квалификациски натпревари. Сопругата на Сергеј, а мајка на Игор и Дмитро, Ирина Турченко, беше дел од женскиот клуб Млаз Богданци.
Брат му на Игор, Дмитро Турченко, кој сега игра во Финска, беше дел од Прилеп, а првите ракометните чекори ги направи во Богданци.