Познати саатниците за натпреварите на кадетките на ЕП во Црна Гора

Европската ракометна федерација ги потврди саатниците за прелиминарната фаза од Европското првенство за кадетки.

Кадетките исто како и младинките ќе играат на Европското првенство што ќе се одржи во Црна Гора.

Избраничките на Даниела Новеска се најдоа во група со селекциите на Германија, Португалија и Словачка.

Прв ривал на Македонија ќе биде Германија, а тој натпревар е закажан за 30 јули со почеток во 19:30 часот.

Распоред на натпревари, ЕП кадетки:

30/07/2025, 19:30, Македонија – Германија
31/07/2025, 14:30, Македонија – Словачка
02/08/2025, 19:30, Македонија – Португалија