Летото носи големи промени во редовите на Барселона, а меѓу најзвучните имиња што си заминаа од клубот се двете легенди – голманот Гонзало Перез де Варгас и крилото Аитор Арињо.
Варгас, кој беше еден од клучните столбови на Барса во последната деценија, ја продолжува кариерата во германскиот Кил, додека Арињо преминува во Фуксе Берлин.
Она што ги прави овие заминувања уште повпечатливи е вкупниот број на трофеи што двајцата ги имаат освоено со каталонскиот гигант – вкупно 143!
Варгас заминува со 69 титули, додека Арињо носи импресивни 74, со што станува индивидуален рекордер по бројот на освоени трофеи во историјата на ракометната секција на Барса.
Ова означува крај на една ера во Барса, која во изминатите години доминира во шпанскиот и европскиот ракомет, и најавува нов почеток со освежен состав.