Женската Супер лига сезонава се играше по поинаков систем, откако РФМ реши да има регуларен дел, и разигрување. Во регуларниот дел екипите беа поделени во три групи, и се одиграа 10 кола, а потоа следуваше разигрувањето каде најдобрите шест разигруваа за титулта двокружно (по двапати дом аи во гости) и се играа уште 20 кола, а другите екипи играа за пласман бидејќи нема испаѓање од Супер лигата.
Ѓорче Петров повторно ја одбрани титулата, и го освои Купот продолжувајќи ја доминацијата во домашното првенство. Интернационалниот состав, заедно со репрезентативките доминираше.
После секое одиграно коло читателите на 24Ракомет ја избираа „Ѕвездата на колто“. Од понудените три ракометарки се гласаше за еден, и онаа ракометар што од публиката ќе добиеше најмногу гласови беше избиран за Играч на колото.
Три ракометарки успеаја по трипати да бидат изгласани за „Ѕвезди на колото“, а уште три беа избирани по двапати после секое одиграно коло, од страна на читателите. Марија Јовановска од Куманово, Леона Миленковска од Вардар и Борјана Коцева од Металург Автокоманда по трипати беа изгласани о дпубликата.
РЕКОРДЕН по бројот на избрани ракометарки на „Играчи на колото“ е Металург Автокоманда, чии играчи дури 13 пати беа избирани за најдобри во тековното коло.
Играчи кои биле избрани по 3 пати за Играч на Коло
Марија Јовановска- Куманово х3
Леона Миленковска – Вардар х3
Борјана Коцева – Металург Автокоманда х3
Играчи кои биле избрани по 2 пати за Играч на Коло
Моника Босилковска – Пелистер х2
Стефани Ристиќ – Металург Автокоманда х2
Марија Јанкуловска – Металург Автокоманда х2
Клубови кои имало најмногу победници во Играч на колото
Металург Автокоманда – 13 пати
Куманово – 4 пати
Вардар – 4 пати
Ѓорче Петров – 2 пати
Чаир – 2 пати
Пелистер – 2 пати
Деспина – 1
Астибо – 1
Ѓорче Петров 2 – 1
Играчи на колото во Женската лига – РЕГУЛАРЕН ДЕЛ
1 коло: Моника Босилковска – Пелистер
2 коло: Марија Јовановска – Куманово
3 коло: Андреа Конеска – Деспина
4 коло: Марија Анчева – Астибо
5 коло: Леона Миленкоска – Вардар
6 коло: Стефани Ристиќ – Металург Автокоманда
7 коло: Нена Нестороска – Куманово
8 коло: Мила Лашкоска – Ѓорче Петров 2
9 коло: Моника Босилковска – Пелистер
10 коло: Рона Мифтари – Чаир
Играчи на колото во Женската лига – ПЛЕЈОФ/ПЛЕЈАУТ
1 коло: Марија Јанкуловска – Металург Автокоманда
2 коло: Амра Терзиќ – Металург Автокоманда
3 коло: Марија Јанкуловска – Металург Автокоманда
4 коло: Леона Миленкоска – Вардар
5 коло: Марија Јовановска – Куманово
6 коло: Стефани Ристиќ – Металург Автокоманда
7 коло: Анастасија Трпеска – Металург Автокоманда
8 коло: Јана Ѓошевска – Металург Автокоманда
9 коло: Борјана Коцева – Металург Автокоманда
10 коло: Марија Јовановска – Куманово
11 коло: Сара Богојеска- Вардар
12 коло: Бојана Коцева – Металург Автокоманда
13 коло: Есма Муратовиќ – Ѓорче Петров
14 коло: Борјана Коцева – Металург Автокоманда
15 коло: Ивана Дежиќ – Ѓорче Петров
16 коло: Таида Беровиќ – Металург Автокоманда
17 коло: Теодора Дукоска – Чаир
18 коло: Борјана Коцева – Металург Автокоманда
19 коло: Леона Миленкоска – Вардар
20 коло: Симона Грујовска – Металург Автокоманда
Избран е ALL STAR тимот на Женската лига за сезоната 2024/2025