Кои ракометари ја одбележаа минатата сезона во Супер лигата – еве ги сите МВП на колото

24Ракомет го избра Идеалниот тим на сезоната во машката Супер лига, а цела сезона ги избираше и најдобрите ракометари секое коло. Покрај идеалната седморка, како и најдобриот тренер, дефанзивец и млад ракометар, имаше и други ракометари кои ја одбележаа сезонатА.

Во сезоната што заврши беа одиграни вкупно 32 кола, од кои 22 во регуларниот дел од Супер машката лига и плус уште десет кола во разигрувањето за титулата и опстанокот во елитната конкуренција.

После секое одиграно коло читателите на 24Ракомет го избираа „МВП на колото“. Од понудените седум ракометари на секоја позиција, се гласаше за еден, и оној ракометар што од публиката ќе добиеше најмногу гласови беше избиран за најкорисен играч на колото.

Седуммина успеаја по двапати да бидат избрани за „МВП на колото“. А само од еден клуб има двајца ракометари кои по два пати биле избрани, и тоа од тимот на Бутел Скопје.

Играчи кои два пати биле избрани за „Играч на колото“
Денис Шабановиќ – Прилеп
Давид Димевски – Куманово
Иван Галевски – Алкалоид
Ненад Костоски – Струга
Димитар Узунчев – Бутел Скопје
Бојан Блажески – Бутел Скопје
Здравко Постолов – Радовиш

Од вкупно 12 екипи во Супер лигата, во изборот има од десет екипи, а единствено од тимовите на Вардар и на Еурофарм Пелистер нема играч кој бил играч на колото.

Екипите на Прилеп и Куманово имаат по четворица ракометари кои биле избрани, а потоа следуваат Радовиш, Тиквеш и Бутел со по три ракометари. По два ракометари кои биле избрани за „МВП на колото“ има од Алкалоид, Охрид, Пролет, а по еден ракометар од Борец ФЛ и Струга.

MВП на колото:

Регуларен дел
1 коло: Александар Василевски Пролет
2 коло: Христи Бикоски Прилеп
3 коло: Мики Лазов Тиквеш
4 коло: Димитар Узунчев Бутел Скопје
5 коло: Денис Шабановиќ Прилеп
6 коло: Бојан Блажески Бутел Скопје
7 коло: Ненад Костоски Струга
8 коло: Здравко Постолов Радовиш
9 коло: Бојан Блажески Бутел Скопје
10 коло: Давид Трајкоски Прилеп
11 коло: Давид Димевски Куманово
12 коло: Мартин Димов Бисинов ФЛ
13 коло: Игор Арсиќ Тиквеш
14 коло: Иван Галевски Алкалоид
15 коло: Ненад Костоски Струга
16 коло: Иван Галевски Алкалоид
17 коло: Дамјан Субашевски Бутел Скопје
18 коло: Давид Цветковски Куманово
19 коло: Димитар Узунчев Бутел Скопје
20 коло: Наум Костов Охрид
21 коло: Стефан Атанасовски Пролет
22 коло: Јован Даневски Тиквеш

Плеј-оф/Плеј-аут
1 коло: Денис Шабановиќ Прилеп
2 коло: Александар Тренчевски Прилеп
3 коло: Дарио Симоноски Куманово
4 коло: Лазар Адамовиќ Радовиш
5 коло: Лука Матачиќ Куманово
6 коло: Давид Димевски Куманово
7 коло: Александар Петковски Алкалоид
8 коло: Петар Цветковски Радовиш
9 коло: Здравко Постолов Радовиш
10 коло: Гал Цирар Охрид

Избран е ALL STAR тимот на Супер машката лига за сезоната 2024/2025