Машката и женската кадетска репрезентација ги завршија подготовките во Пехчево пред стартот на Европскиот младински олимписки фестивал.
Селекторите Горан Кузманоски и Даниела Новеска, заедно со нивните асистенти Митко Стоилов и Славиша Димитријески, имаа шанса да се уверат во квалитетите на нивните избраници, па да имаат појасна слика и да изберат по 15 за настап на ЕМОФ 2025.
Подготовките продолжуваат во Скопје, би требало да бидат одиграни и неколку пријателски натпревари пред стартот на ЕМОФ 2025.
Кадетите, кои се во група со Хрватска, Шпанија и Исланд, своите натпревари ќе ги играат во СРЦ „Кале“, додека кадетките ќе играат против Исланд, Швајцарија и Норвешка во СЦ „Јане Сандански“.
Тие по настапот на ЕМОФ 2025, ќе имаат уште поголем предизвик и ќе бидат дел од Европското првенство во Црна Гора, каде ќе се сретнат против Германија, Словачка и Португалија.
ЕМОФ 2025 ќе стартува на 21 јули, ќе има натпревари на 22 и 23 јули, а по ден одмор, ќе следуваат завршните битки на 25 и 26 јули.