Тимот на Струга го задржа и голманот Дамјан Тутенкоски, кој ќе продолжи да ја чува мрежата на екипата и во новата сезона. Тутенкоски беше еден од клучните играчи во минатогодишниот успех на тимот, кој преку бараж натпреварите избори пласман во македонската Суперлига.
На многу мечеви токму Тутенкоски се покажа како клучот на успехот, а добар голман е „половина екипа“. Тој потекнува од струшката ракометна школа.
Покрај него, стружани веќе обезбедија потпис и од Наум Костов, десно крило кое доаѓа од редовите на Охрид. Тој е познат како одличен изведувач на седмерци и сигурен стрелец, а во својата кариера настапуваше и за Аеродром и Куманово. Минатата сезона беше избран за играч на колото во изборот на 24ракомет, признание кое го доби и во двете претходни сезони.
Клубот паралелно работи и на задржување на младинската база, при што договорите се продолжени со неколку перспективни играчи. Очекувањата се дека во наредниот период ќе пристигнат и засилувања со повеќе суперлигашко искуство, со цел Струга успешно да го задржи новоосвоениот суперлигашки статус.