Големо засилување пред потпис со Куманово – доаѓа Тоше Ончев

Тимот на Куманово продолжува со градењето на играчкиот ростер за претстојната сезона во која влегува со зголемени амбиции.

Ново име во составот на стратегот Аце Станковски би требало да биде левиот бек Тоше Ончев, дознава 24Ракомет.

Покрај новиот тренер, Куманово претходно го договори левиот бек Виктор Трифуноски од Борец ФЛ, а нов договор беше потпишан со Христијан Крстаноски.

Договорена е нова соработка со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, па Куманово ќе има добар тим со кој ќе може да атакува на плеј-офот.

Ончев последната сезона ја мина во Борец ФЛ и шпанскиот Новас, а потекнува од Вардар. Играше за Работнички, Голден Арт и Охрид на домашната сцена, а во странство беше дел од грчкиот Фаикас Корфу, францускиот Вернуј, словенечкиот Тримо Требње…