Mладост Богданци се раздели со Орешков и Панов

Прволигашот со суперлигашки амбиции Младост Богданци се раздели со уште двајца ракометари по крајот на сезоната.

Станува збор за средниот бек Ѓорѓи Орешков, кој имаше повреда и практично не играше цела сезона за тимот од Богданци, како и за голманот Благој Панов.

Чуварот на мрежата веројатно ќе се врати во Кавадарци, додека Орешков би можел да направи камбек во Неготино.

Младост Богданци го донесе Горан Андоновски за нов тренер, потоа десниот бек Лазар Адамовиќ, а наскоро треба да бидат промовирани и новите засилување.

Покрај Орешков и Панов, Младост Богданци се раздели со Уча Гамзардија и Борјан Цековски, како и Андреј Шулевски.