Вториот ден од Светското првенство за младинци носи осум нови натпревари во салите во Катовице и Келце, а некои репрезентации веќе можат да обезбедат пласман во главната фаза.
Во фокусот е натпреварот Македонија – Романија, закажан за денеска од 14:00 часот. Нашите млади надежи мора да реагираат по несреќниот пораз од Фарски Острови (28:33), во кој многу работи можеа да одат подобро.
„Имаме уште два важни меча, а овој со Романија е како финале. Ќе го третираме како таков. Тие играа одлично со Исланд, но и ние сакаме да победиме. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Александар Петковски.
Македонија има добра традиција против Романија во младинските категории, а очекуваме таа да продолжи и денеска, а со тоа да продолжи и борбата за главната рунда на СП.
На младинците им треба победа за да останат во игра за ТОП 16 во Полска, а доколку Исланд слави против Фарски Острови, тогаш сите четири репрезентации ќе имаат по една победа и пораз, па во последното коло ќе бидат отворени сите опции.
СП младинци, распоред, 2 коло:
ГРУПА E
16:15 Мексико – Данска
18:30 Франција – Мароко
Ако Франција и Данска победат, ќе обезбедат место во главната рунда.
ГРУПА Ф
11:45 Фарски Острови – Исланд
14:00 Македонија – Романија
Романија импресионираше против Исланд (35:28), предводена од Станчиук (11 гола, 9 асистенции) и голманот Сиргие (15 одбрани, 43%).
ГРУПА Г
18:45 Тунис – Србија
21:00 Швајцарија – Германија
ГРУПА H
11:45 Саудиска Арабија – Шпанија
14:00 Египет – Бахреин
Со победи, Шпанија и Египет веќе се пласираат во главната рунда.