Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Полска.
Прв ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе бидат незгодните Фарски Острови, а селекторот ги избра 16 ракометари што ќе играат.
Надвор од комбинација за оваа средба останаа десното крило Јован Даневски и левиот бек Борјан Дамјаноски.
Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра во „Арена Катовице“ со почеток од 14:00 часот.
Македонија: Галевски, Брестовац, Стојановски М., Субашевски, Петковски, Белистојаноски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров, Узунчев Д., Стојановски А., Узунчев Т., Калајџиески, Шулески, Димковски, Димевски.