Македонија на два теста со Хрватска

Женска младинска репрезентација на Македонија в недела и понеделник ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Хрватска.

Избраничките на Симе Симовски кои неделава ги започнаа подготовките за настап на ЕП во Црна Гора ќе имаат можност да тестираат со силен ривал.

Натпреварите ќе се одиграат на 22 и 23 јуни во Иваниќ Град, каде Хрватките ќе ја одработуваат втората фаза од подготовките за ЕП.

Симовски смета на 25 ракометарки на тренинзите пред ЕП, од нив ќе ги избере потоа оние што ќе патуваат за Црна Гора.

Македонија ќе игра против Унгарија, Чешка и Полска во првата фаза од континенталниот собир што се игра во Подгорица од 9 до 19 јули.