Машката младинска репрезентација на Македонија денеска околу пладне пристигна во градот Катовице, каде ќе ги игра натпреварите од Мундијалот.
Младинците и стручниот штаб уште од саботата се во Полска, но беа во Варшава каде одиграа еден контролен натпревар против Јапонија што го добија убедливо со 37-27.
Денеска ќе го имаат последниот тренинг во „Сподек Арена“ во Катовице каде ќе се играaт натпреварите од прелиминарната и главната рунда.
Првиот меч Македонија го игра против Фарски Острови од 14:00 часот, против Романија дуелот е во истиот термин на 19 јуни, додека Исланд не чека на 21 јуни.