Ќе ни биде потежок почетокот, но ако имаме повеќе вакви собири, ќе имаме добра репрезентација, Има доста ракометари кои се на исто квалиттено ниво, вели Кузманоски.
Македонија го освои второто место на турнирот „Марко Божиновски“, со две победи и пораз. Ова беше прв настап на генерацијата ракометари родени 2008 и помлади, која конечно се собра бидејќи и претстојат настапи на младинските европски игри и на квалификациите за ЕП во октомври.
Македонија играше со Србија во финалето, и нашите соседи славеа со 32-27.
„Имавме краток период да ја собереме репрезентацјата, Имавме голем список од над 40 ракометари, и тука игравме А и Б селекција. Ни недостигаат некои играчи кои играат во странство и во Еурофарм Плеистер. Задоволен, сум, но треба доста работа. Ни претстои период на подготовки. Кога ќе бидеме комплетни, ќе го скратиме списокот на 25, генерални ја имам сликата на репрезентацијата, изјави Горан Кузманоски, селекторот на Македонија.
Настапот на овој турнир во Скопје беше прв настап за Македонија, но следува период на повеќе собири и настапи.
„Ќе биде тешко да се скрати списокот, се гледа дека има потенцијал. Имавме кратко време како се собравме. Ни треба подолго веме. Во октомври имаме квалификации за ЕП. Дугите репрезентации веќе две години се заедно, имаа настап на Медитарански игри. Ќе ни биде потежок почетокот, но ако имаме повеќе вакви собири, ќе имаме добра репрезентација, Има доста ракометари кои се на исто квалиттено ниво, вели Кузманоски.
View this post on Instagram