Македонија Б тргна со триумф на турнирот „Марко Божиновски“

По Македонија А, и Македонија Б стартуваше победнички на четвртото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“.

Македонските кадети славеа против Романија со 28-24 и сега против Србија ќе се борат за првото место во групата.

Најдобри стрелци во нашата селекција беа Максим Гарбески со осум и Трајче Костов со шест погодоци.

Македонија Б вечерва од 20:30 ќе се соочи со Србија, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите за финалниот ден.