Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски по една сезона заминува од новиот српски шампион Партизан.
Левото крило беше во втор план зад Младен Шотиќ и не добиваше многу шанса од тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.
Покрај Маџовски, од Партизан си заминаа и Лука Барјактаровиќ, Лука Арсениќ, Марко Васиќ и Михајло Радојковиќ.
Претходно македонското лево крило играше за црногорскиот Ловќен, Еурофарм Пелистер и Металург.