Голманот на шампионот Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, за хрватските медиуми ги сподели импресиите од прославата на титулата во Битола.
Пелистерци славеа на гостувањето кај Вардар со 32-30, а Ивиќ во интервју за „24Сата“ откри дека не спиел два дена.
„Беше вистинско лудило! Два дена не спиев. Да го победиш Вардар во Скопје… победата е уште послатка затоа што само пред една недела го загубивме финалето на Купот токму од Вардар. Имавме и проблеми со повреди, тие беа домаќини, но очигледно попуштија под притисок. Беше неверојатно…инаку патот од Скопје трае околу два часа, а ние патувавме четири! Навивачите не следеа на секоја бензинска пумпа, не можевме да стигнеме. А кога стигнавме во центарот – хаос! Не можеше да се пробиеме, па навивачите не носеа, се качуваа по светилки… Следниот ден беше малку помирно, прославивме и на балконот од општинската зграда“, изјави Ивиќ.
Битолчани со освојувањето на титулата стекнаа право да бараат вајлд-карта за Лигата на шампиони.