ГОГ во Кил најде замена за Тобиас Грендал

Во потрага по нов плејмејкер по заминувањето на Тобиас Грендал во Берлин, дански ГОГ го пронајде својот „џокер“, во младиот репрезентативец на Фарски Осторив, Елиас Елефсен Скипаготу, кој доаѓа од германски Кил.

Додека Тобиас Грендал се подготвува да го облече дресот на Берлин, од ГОГ брзо реагираа и најдоа замена – и тоа не било каква. Според повеќе извори, 22-годишниот Елиас Елефсен Скипаготу ќе биде оној што ќе ја води данската екипа во следната сезона.

Елефсен се приклучи на Кил летото 2023 година од Савехоф, но и покрај неговите технички квалитети и визијата за игра за неговата возраст, не успеа целосно да се наметне во германскиот тим. Во ГОГ ќе формира експлозивно дуо со уште еден голем талент од неговата земја – Оли Митун, кој веќе е потврден како засилување за следната сезона.

Ова дуо ветува да биде еден од главните адути во данската лига, во клуб кој е познат по создавање на ракометни ѕвезди. За Елиас Елефсен, ова е и голема можност за нов почеток и докажување дека може да се наметне како врвен плејмејкер на европската сцена.