Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе аплицира за вајлд-карта за Лигата на шампионите!
Македонија нема директно место во најсилното европско клупско натпреварување, па битолчани ќе мораат преку вајлд-карта да се надеваат на покана во елитата.
ЕХФ ќе има на располагање шест вајлд-карти, a jaсно е дека четири одат кај вицешампионите на Франција, Полска и Унгарија.
За останатите три во конкуренција ќе бидат шампионите на Македонија, Швајцарија, Норвешка…и евентуално ако се пријават прваците на Словенија, Србија, Грција…
По добрите настапи минатата сезона, шансите за покана во Лигата на шампионите на македонскиот првак не се мали.