ЦСКА Москва е старо-нов првак на Русија

Ракометарките на ЦСКА Москва се старо-нови шампионки на Русија, откако ја добија финалната серија со Ростов Дон.

Избраничките на Људмила Бодниева славеа со 27-25 и по триумфот во Ростов, со 2-0 беа подобри во финалето од плеј-офот.

Исто како и лани, финалната серија беше решена во два меча. Ростов Дон и лани, а и оваа сезона беше прв во регуларниот дел, лесно ги мина сите фази од плеј-офот, но налета на ЦСКА Москва, која беше најдобра кога најмногу требаше.

Ирина Дибирова со Ростов Дон вторпат по ред мора да му честита на големиот ривал, а нова шанса ќе има следната сезона.

Човек на одлука во ЦСКА Москва беше голманката Полина Каплина, која имаше 11 одбрани, а по пет гола дадоа Чигиринова и Санталова. Во составот на Ростов Дон, најдобра беше Фролова со шест гола.