Легендарната голманка Клеопатра Дарле на крајот на оваа сезона ќе стави крај на богатата играчка кариера.
Дарле ја започна својата професионална кариера во 2007 година, а настапуваше во Франција за Ница, Брест и Мец.
На меѓународна сцена го бранеше голот на данскиот Виборг, а во моментов е членка на Мец, со кој ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите.
Со женската селекција на Франција освои трофеи на СП 2017 година и на ОИ 2020, а на ЕП 2022 беше избрана за најдобра голманка.