Граматова и Војводина на чекор до камбек во елитата

Тимот на Војводина, каде што игра македонската репрезентативка Пена Граматова, ќе игра бараж за камбек во елитната конкуренција во Србија.

Војводина во последното коло славеше против Раднички Крагујевац со 33-27, а македонското лево крило даде два гола.

Рума (30) и Темерин (29) директно се пласираа во Првата лига, додека Војводина остана покуса за бод на третото место со 28 бода.

Но тоа не значи дека шансите се загубени, бидејќи Војводина ја очекува бараж со составот на Медицинар.