Хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна наскоро ќе се врати на ракометните терени и ќе биде подготвен за настап на финалните средби меѓу Загреб и Нексе.
Тој за време на квалификацискиот дуел меѓу Хрватска и Луксембург доби удар со лакт во вратот, искашлуваше крв на теренот, но избегна посериозна повреда.
По три ноќи во болница, тој веќе е пуштен, се појави на тренинзите на Загреб, но се уште не тренира активно. Му беше дијагностицирано оштетување на гркланот, но за среќа не беше потребна операција.
Во изјава за „Германијак“, Срна откри како се чувстува.
„Не тренирам се уште, гледам тренинзи, но наскоро ќе бидам во погон. Беше многу необично. Се исплашив кога видов дека кашлам крв. Фала му на Бога, во болницата во Ријека работат одлични доктори и се помина добро“, изјави Срна.
Ужас: Хрват се сруши на терен, плукаше крв, итно пренесен во болница!