Каталонскиот гигант Барселона го промовираше наследникот на Гонзало Перез Де Варгас, кој на лето се сели во Кил.
Негова замена ќе биде исландскиот репрезентативен голман Виктор Гисли Халгримсон, кој потпиша договор на две сезони.
Халгримсон во „Блауграна“ доаѓа од полскиот првак Висла Плоцк, а ќе остане најмалку до 2027 година.
24-годишниот чувар на мрежата пред да се пресели во Полска, бранеше за францускиот Нант и данскиот ГОГ Гудме.
Халгримсон ќе брани една сезона со данскиот голман Емил Нилсен, додека во 2026 на местото на Нилсен ќе дојде шпанскиот репрезентативец Сергеј Ернандез.