Лазаров: Ниту јас не очекував вака убедливо издание

Мaкедонија ја совлада Литванија со 26-17 и од второто место избори пласман на Европското првенство во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров беше среќен за триумфот, но откри дека ниту не се надевал на вака убедливо издание.

„Сакам да им честитам на овие момци, ги поддржав и после Естонија и им кажав дека треба македонската јавност да дојде да ги испочитува и така се случи. Да победите 19 разлика било која репрезентација, колку и да е послаба, не е мала работа. Литванците, пак беа решени да одат на ЕП и тоа го покажаа и денес, отворивме лошо типично македонски, но како минуваше времето се одеше кон наша страна. Момците покажаа карактер, не се вознемирија, не паничеа, што е малку чудно за наш менталитет. Знаевме што сакаме во секој дел од мечот. Искрено за мене неочекувано толку висока победа, но секоја чест за целиот тим. Сега треба малку да се одмориме, да си посакаме среќа, и заеднички да одиме чекор по чекор. Треба да се бориме со најдобрите во Европа, што воопшто не е лесно. Сами знаете дека ЕП е посилно од СП“, изјави Лазаров.

На клупата денеска не беше Стојанче Стоилов, а селекторот откри зошто.

„Стоилов беше само на првиот меч, а сега отсуствуваше поради семејни причини“, продолжи Лазаров.

Македонија ќе ги дознае ривалите на Европското првенство на 15 мај на ждрепката во Хернинг.