По Европската ракометна федерација, и Светската куќа на ракометот ќе добие нови простории во Базел.
За разлика од ЕХФ која купи земјиште, па градеше нов дом, ИХФ купи голем комплекс на шест ката во швајцарскиот град, каде шо и досега беше седиштето.
„Овие нови канцеларии се повеќе од зграда – тие се симбол на нашите амбиции. ИХФ брзо расте, на интернационално ниво, но и во комлексноста на спортскиот екосистем. Новиот дом ќе ни овозможи подобар сервис за членките, спортистите, тренерите и фановите ширум светот. Тоа ќе биде место каде што се раѓаат идеи, каде што се носат стратешки одлуки и каде што срцето на светскиот ракомет ќе бие посилно од кога било“, изјави претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.
Преселбата во новите простории е планирана за октомври оваа година, а Изборно собрание ќе има во ноември на Конгресот на ИХФ, каде Мустафа ќе се кандидира за нов мандат, но сега ќе има и противкандидати.