Унгарскиот Ференцварош загуби на клучниот натпревар за титулата во унгарскиот шампионат кај Ѓер со 32-24 и веројатно ќе остане со празни раце.
Лошата игра во вториот дел, кога Ѓер комплетно го надигра Ференцварош, беше причина ситуацијата да ескалира на клупата на гостинките.
Тренерот Алан Хајне и кружниот напаѓач Драгана Цвијиќ, влегоа во жесток дијалог, а ако можете да читате од усни, сигурно ќе разберете што му кажа екс вардарка на Хајне.
Тој дури ја оттурна на клупата, а сето тоа беше забележано од ТВ камерите. Дека очигледно нешто не штима во Ференцварош јасно беше и по елиминацијата од Лигата на шампионите во четвртфиналето. На лето ќе има голема реконструкција и на местото на Хајне доаѓа Јеспер Јенсен.
На табелата во унгарскиот шампионат Ѓер е прв со 46 бода, втор е Ференцварош со 45 на две кола до крајот, но веројатно Ѓер нема да си дозволи кикс.