Македонската репрезентативка Ивана Џатевска и наредната сезона ќе настапува во силниот унгарски шампионат.
Кружниот напаѓач ја продолжи соработката со Сомбатељ и ќе настапува за овој клуб најмалку до летото 2026 година.
Џатевска дојде во Сомбатељ од тимот на Кишварда минатото лето и веднаш ги освои симпатиите на навивачите и раководството.
Следната сезона ќе биде трета за Џатевска во Унгарија, каде што замина во 2023 година од Чаир, а претходно го носеше и дресот на Вардар.
Нејзина колешка од лето ќе стане пивотот на Ѓорче Петров, Милена Менезес, која исто така потпиша за Сомбатељ.