ЅВЕЗДА НА 15. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – ИВАНА ДЕЖИЌ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)

Членката на шампионот Ѓорче Петров, Ивана Дежиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 15. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Бекот одигра одлично на гостувањето кај Металург Автокоманда, особено во првото  полувреме кога шампионот ја направи клучната серија и беше меѓу најзаслужните за освоените бодови.

Дежиќ на гласањето доби околу 64% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Сара Цветановска од Куманово со 27%.

Во конкуренција за ѕвезда на 15. коло од плеј-офот беше и Стефанија Ѓорѓиевска од екипата на Чаир.