Пред првомајските празници сметките на ракометните клубови се наполнија, а стигнаа и насмевките на лицата на играчите. Државата ги префрли парите од помошта за клубовите, откако претходно беше распишан конкурсот за пријавување.
Ракометните клубови ќе „покријат некоја дупка“ во буџетот, бидејќи помошта од државата и онака треба да биде само дополнување на нивниот буџет. Останува големата разлика меѓу машките и женските екипи.
Најмногу пари доби Ракометната федерација на Македонија, 14.870.360 денари (околу 240.000 евра). Кај машките екипи најголем трансфер има актуелниот шампион Еурофарм Пелистер – 8.344.011, а кај жените најмногу доби освојувачот на двојната круна Ѓорче Петров – 2.598.073, што е трипати помалку од машкиот првак.
Од машките екипи во Супер лигата, само Радовиш има помалку од еден милион денари добиено, што е помалку од пет екипи од Прва лига.
Во прилог колку добија сите ракометни екипи.
Еурофарм Пелистер – 8.344.011
Вардар – 7.807.593
Алкалоид – 7.288.213
Охрид – 6.768.832
Тиквеш – 6.255.082
Бутел Скопје – 5.730.072
Пролет – 5.210.692
Струга – 4.687.089
Прилеп – 4.171.931
Куманово – 3.658.181
Борец ФЛ – 1.039.224
Радовиш – 960.251
Еурофарм Пелистер 2 – 3.133.171
Вардар Неготино – 2.613.791
Мулти Есенс – 1.942.397
Аеродром – 1.055.650
Скопје – 1.575.030
Драчево – 820.279
Металург РА – 739.737
Јехона – 670.924
Македонија ЃП – 592.728
Шампион – 522.351
Овче Поле – 452.756
Партизан Гевгелија – 372.214
Астраион – 225.205
Teкстилец – 151.700
Младост Богданци – 90.656
Преспа Вардар – 78.196
Ѓорче Петров – 2.598.073
Металург Автокоманда – 2.225.641
Чаир – 2.400.628
Вардар – 2.050.699
Стружанка – 1.677.311
Куманово – 1.849.343
Пелистер – 1.481.820
Деспина – 1.131.92
Спартак – 930.536
Овче Поле СУ – 758.504
Астибо – 563.013
Шампион – 379.252