Еден од најомразените тимови во Македонија, австриски Хипо, уште од најдобрите времиња на Кометал Ѓорче Петров, освои нов трофеј во Австрија.
Иако одамна не е на нивото од минатото, го нема ниту легендарниот Гунар Прокоп, Хипо се уште е најдобар во Австрија, па лесно го освои трофејот во Купот.
Хипо славеше убедливо против составот на Ацгерсдорф со 35-28, откако триумфот беше најавен уште по првиот дел кога беше 21-12.
Најдобра на теренот беше Патриција Ковач со девет гола, а ова беше 35. трофеј за Хипо во Купот, додека во првенството на Австрија има освоено дури 46 титули од досега одиграни 52 шампионати.