По победата над Барселона, Ваљадолид изненадувачки загуби на гостувањето кај Виља Де Аранда со 31-30.
Тимот каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски иако имаше предност по првиот дел, 14-12.
Карапалевски имаше една од подобрите партии откако е во шпанскиот клуб и успеа да постигне пет гола од шест обиди, додека Димитриоски не се запиша во листата на стрелци.
Ваљадолид сега е на петтото место на табелата во Асобал лигата со 34 бода, кое води во Лигата на Европа.
Следен предизвик за тимот на Димитриоски и Карапалевски ќе биде гостувањето кај Уеска.