„Сино-белите“ на Лазаров на чекор до евро-финале – носат пет гола предност во Норвешка!

Единствениот македонски претставник во Европа, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, славеше против норвешкиот Рунар со 42-37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп и ќе има убава шанса за место во финалето.

Во првиот дел избраниците на Кирил Лазаров има во повеќе наврати предност од плус три, шанси и за плус четири, но не ги искористија, па на пауза водеа само со еден гол, 21-20.

Во второто полувреме гостите искористија неколку грешки на домаќините и успеаја да поведат со два гола, 26-24 преку Вулвик. Но тогаш Лазаров повика тајм-аут да ги смири своите избраници.

Норвежаните не се „даваа“ лесно, но како одминуваше времето, така тие паѓаа во ритамот, а „сино-белите“ го засилуваа темпото. Галевски одбрани неколку удари, погодуваа Џонов, Серафимов и Карасманакис и домашните стигнаа до плус четири, 36-32.

Таа предност беше задржана до крај и македонскиот претставник ќе има убава шанса да се пласира во битката за трофеј. Мартин Серафимов постигна десет гола, а седум додаде Иван Џонов за победничкиот состав, додека 11 пати за Рунар стрелаше Кристофер Рамбо.

Реваншот е на програмата следната недела на 27 април во Сандефјорд, со почеток од 17:00 часот.