Иако губеше со четири гола на петнаесетина минути до крајот и три на пет минути до крајот, унгарскиот Ференцварош успеа да извлече реми на гости кај Оденсе, 27-27.
Ракометарката со најмногу трофеи во ЛШ – вкупно седум, Катрине Лунде, имаше 11 одбрани, но нејзината екипа не успеа да слави и без предност патува во Будимпешта.
Клучна во унгарскиот состав беше Валерија Маслова, која даде пет од последните седум гола на Ференцварош, а имаше вкупно шест, исто колку и десното крило Ангела Маленштајн.
Реваншот е следната недела во Будимпешта, каде унгарскиот тим ќе има поддршка од своите навивачи и за очекување е дека ќе има два тима од Унгарија на Ф4 во Лигата на шампионите.