Андоновски ја однесе Самадреџа во плеј-оф, Радевска меѓу најдобрите стрелци

Тимот на Самадреџа, кој го води од клупата македонскиот стратег Горан Андоновски, обезбеди место во плеј-офот од косовскиот шампионат.

Самадреџа славеше во последното коло од регуларниот дел на гости кај Беса со 35-16, а меѓу најдобрите стрелци беше македонската интернационалка Бојана Радевска.

Таа постигна шест погодоци во противничката мрежа, а Самадреџа со овој триумф сега има 22 бода на третото место на табелата.

Претходно, на 26 и 27 април, „македонската“ Самадреџа ќе игра и на завршниот турнир во Купот на Косово, каде за полуфинален ривал го има Феризај.