По комплетирањето на сите натпревари од квалификациските турнири за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите, познати се полуфиналните двојки.
Младинците на Еурофарм Пелистер ќе се соочат со Веспрем, кој ги победи составите на Војводина и ПИК Сегед.
Во второто полуфинале ќе се сретнат данскиот ГОГ Гудме и Барселона, а победниците ќе се борат за титулата на првото издание.
Натпреварите од завршниот турнир ќе се играат на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арена“ паралелно со сениорскиот Ф4.